Пријави се

Generic placeholder image

Патеки

Mountain bike АЗОТ 2018 мтб Предизвик – голем маратон
Многу тешка
Богомила-Црешнево-Капиново-Нежилово-Чеплес-Папрадиште-Прилепски пат-Богомила (53.5 km +1805 m / -1803m)
Mountain bike АЗОТ 2018 мтб Предизвик – мал маратон
Тешка
Должина (34.5 km +1011 m / -1008 m)
ПЛАНИНАРСКА ПАТЕКА АЗОТ HIKING 2018 Должина 16.9 km +706 m / -704 m
ПЛАНИНСКО ТРЧАЊЕ - АЗОТ 2018 RUNNING Должина од 17.1 km +441 m / -439 m: Богомила-Прилепски пат-Бандери-Богомила
Generic placeholder image

Котизација

Пријавување до 23.05.2018 (среда)
КОМПЛЕТ ПАКЕТ - 500 денари

Пакетот содржи:

  • Маичка со логото на настанот
  • Налепница со логото на настанот
  • Пакет производи од спонзорите на настанот
Негазирана вода, енергетски пијалоци и сите други производи за сите регистрирани учесници ке бидат поставени на контролните пунктови одредени од организаторот. Пријавување после во период од 23.05-26.05.2018 е во зависност од дозволата на Организаторот и постои можност котизацијата да биде БЕЗ маичка, поради краткиот временски период за порачка.
Generic placeholder image

Сместување

Дел од школскиот двор ќе биде наменет за поставување на шатори.Ограничување на капацитетите за спиење со шатори е НЕОГРАНИЧЕНО и БЕСПЛАТНО. Богомила и околината нуди неколку сместувачки капацитети кои за заинтересираните велосипедисти, сите тие ке бидат на располагање за овој настан.

ПОНУДА

Програма

Време Опис Локација

26.05.2018 - Сабота

09:00-19:00 Пристигнување на учесниците
12:00- 18:00 Планинарење до Мокрени; Лесна планинарска тура во вкупна должна од 10км во двата правци со посета на планинарскиот дом во с. Мокрени како и посета на Манастир „Св. Спас" (можна е промена на рутата, во зависност од тековните активности)
14:00-17:00 00 Рекреативно возење со велосипед до с.Бистрица и посета на етномузеј и манастирот во селото
15:00- Рекреативни и забавни активности во базниот камп во дворот на ОУ „Петар Поп Арсов“-Богомила
15:00 – 19:00 -Посета на спомен куќа на Петар Поп Арсов во с. Богомила;
-Прошетка низ реката Бабуна и посета на Римскиот мост во селото.
- Весели игри ( изненадување од организаторот)
19:00-21:00 Документарни филмови за движењето на Богомилите.
20:00-21:00 DJ сет
18:00-18:30 Настап на Фолклорна група од Општина Чашка
18:30 – 21:00 DJ сет на Бајкери- DJ –и (натпревар и избор на нај DJ )
21:30-22:30 LIVE BAND настап rock band CYCLONE - Велес
22:30-23:50 LIVE BAND настап rock band EPIDEMY
23:59 ЗАВРШУВАЊЕ НА СИТЕ АКТИВНОСТИ ( Во текот на денот ке биде отворена спомен-куќата на Петар Поп Арсов, родум од Богомила, црквата св. Спас која е на 500м над училиштето, како и можност за посета на неколку останати интересни локации како во Богомила,така и во околните села)

27.05.2018 - Недела

08:00-09:00 пристигнување и регистрација на учесниците (потпишување на изјава) c.Богомила
08:00 Старт на учесниците во Алпинизам
09:00 Старт на учесниците во планинарење
09:00 Старт на турата - голем маратон
09:15 Старт на учесниците во Планинско трчање
09:30 Старт на турата - мал маратон
12:30–14:00 пауза во пл. Дом Чеплес , разговор до домаќините на ПД „Чеплес“
15:00-16:00 втора пауза во с. Папрадиште , можност за посета на црквата „Св. Петар и Павле“, месноста „Марково стопало“ и други активности.../td>
16:00-18:00 крај на турата, топол оброк во кругот на училиштето c.Богомила
16:30-17:30 Лотарија за учесниците со приложен купон од купените карти
17:30-18:00 Доделување на благодарници за учество на настанот
19:00 Официјален Крај на настанот

Generic placeholder image

Generic placeholder image

Generic placeholder image

Generic placeholder image

Generic placeholder image

Generic placeholder image

Азот МТБ Предизвик 2017

Азот МТБ Предизвик 2016

Азот МТБ Предизвик 2015


Поддржано од

Generic placeholder image
Generic placeholder image
Generic placeholder image
Generic placeholder image

Generic placeholder image
Generic placeholder image
Generic placeholder image
Generic placeholder image

Generic placeholder image
Generic placeholder image

Generic placeholder image

За нас - ЗГ „Велес Бајкинг“

ЗГ “Велес Бајкинг“- Велес е здружение на љубители на велосипедизмот кој е формирано во 2014 година , иако идејата за оваков вид на дејствување постои многу порано, уште пред неколку години.

Согласно статутот на здружението, ЗГ “Велес Бајкинг“ - Велес во 2018 година влегува веќе како искусен тим кој организира велосипедски настани со највисоки оцени во Р. Македонија. Во досегашното постоење на нашето здружение покрај тригодишната организација на АЗОТ мтб Предизвик запишани се и велосипедската тура „Питијада“ 2014-2017 каде до сега учество земаа преку 1000 учесници.

Исто така во работата се запишани и маркација на три велосипедски патеки во вкупна должина од 150км, Едукација на деца од претшколска возраст на тема „планински велосипедизам“, учество на саем за Активен туризам и многу други активности.