И тоа бидна…………

АЗОТ мтб Предизвик ја заокружи својата 8-ма сезона, ја прикажавме нашата 8-ма серија. Нашето милениче 8th Outdoor Festival АЗОТ 2022 мтб предизвик ни заврши второ одделение. Дводневниот настан официјално или тродневниот за нас со повеке адреналин, и покрај сите најави за невреме, дожд, грмотевици, изгледаше како во најдобрите денови на АЗОТ мтб Предизвик, полн со позитивна енергија, искрени поддржувачи и пријатлеи на велосипедизмот, природата. У ствари не изгледаше, ова беше најдоброто од АЗОТ мтб Предизвик.

За да бидат учесниците задоволни потребна е добра екипа. Нашата екипа си го одработи своето. Организациски , преку 20 волонтери, членови на Велес Бајкинг ги покрија сите точки кои беа поставени, сите задачи беа професионално одработени. А имаше и такви кои имаа по 3-4 задолженија. На врата, на шанк, пакети, контролни точки на Црешнево, Чеплес. Контролорите на патеките Никола Ангелов, Bobi Draskacev и @Blagojce Kotence Gjorgievski, контролата на Чеплес @Филип Крстевски Riste Dervišov, водичите на двете тури Todorovski Darko Aleksandar Popov Dragan Eftov @Тоше Јованов Dejan Ristov Dime Andonovski и водичите на планинарската тура Stojance Coce Angelov и Kocevski Orce,теренската помош на @ТППЕ Велес и подршката во камп од Pavel Angelov @Dragan Dimov, . Посебно да му се заблагодариме на @Ivica локалниот водич од Богомила кој е главен виновник за сегментот над Црешневски преслап до Нежилово и кое излезе како полн погодок.

Трите денови во кампот беа исполнети со секкави видови на активности. Саботната прошетка до манастирот во Согле, обуката за повреди на планина – организирана од Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска Организација Велес, АГРИА GRILL NIGHT АГРИА – Агроиндустриска Групација Велес со многу скара и пиво, краткиот концерт на фолклорната секција при Велес Бајкинг. Рок концертот кој долго го очекувавме, за жал повторно не се случи.Овој пат поради поројниот дожд баш тоа време. Нејсе. Си поставивме наш звучник и си ја истеравме. А оние кои сакаа да гледаат фудбал се префрлија во затворено.

Третиот ден, она вистинското. И покрај лошото време, околу 160 велосипедисти и 60на планинари беа на стартот на предвидените тури. Вкупно 6-7 часа траеја сите активности, за на крај да организираме мала лотарија, награди за сите учесници.

Благодарност до Општина Чашка за поддршката која ни ја даде и во овие услови ни овозможи користење на сите ресурси на училиштето, благодариме на сите помагатели и тоа најпрво за SATE Ceramica кои ненамерно ги испуштивме во сонзорите на маичката ( ке надокнадиме прва прилика) – Биокосмос Нутриционист и за нашиот голем пријател Igor Vasilevski, Prilepska Pivara со нивните освежителни производи на шанк, AWT International Macedonia за донацијата со Jana, Јана ладен чај, Јамница и секако @prosport енергетските пијалоци, АГРИА – Агроиндустриска Групација Велес Симит Петрол, Gulf Oil, Vitalia Healthy Food за нивните бар житарици и секако Longurov Print Studio – главниот виновник за преубавите маички и бандани и нивниот дизајн, Фурна Гемиџии кои се погрижија за најубавиот леб, како и Meanata Na Dace за ручекот кои ни го спремаа. кои за 10-на дена од „лаф муабет“ само климнаа со глава и помогнаа колку што можат

Поздрав до екипите и здруженијата кои не почастија со нивно присуство, до тим билдинг екипата на Marquardt Group која оваа година има што да пренесе како импресии.

Секако голема благодарност на дводневниот ангажман на @DJInvictoZ кој и покрај дождот направи одличен сет за да не расположи два дена. Дечките од EpidemY – TheBand за жал, исвирија само две песни и се повлекоа поради обилниот дожд баш тоа време, но и за нив благодарност што барем не испочитуваа..

Ако во минатите месеци имавме некои прашалници дали воопшто вреди да се вложи огромен труд, време, нервози, кавги, отсуство од дома, да се организира нешто вакво со сите маки, проблеми, незгоди, пречки од сите можни јавни институции, квази државници кои мислат дека се богови во удобни фотељи, разно разни хејтери – јунаци на тастатура, сега знаеме дека 2023 во мај месец ке го имаме 9-мото издание на АЗОТ мтб Предизвик, кој уште сега го имаме концептот на организација уште поорганизирано, со многу поголем капацитет и сјај, а можеби и е време за нова локација за одржување на настанот…

Се гледаме наредна година, до тогаш – возете велосипед, бидете здрави, грижете се за себе и вашите блиски, грижете се за МАКЕДОНИЈА!!

leave a comment