Велосипедскиот настан „АЗОТ 2022 мтб предизвик“ за својот 8-ми по ред настап, веќе преименуван во ОУТДООР ФЕСТИВАЛ пред се поради големата популарност и пред се, перфектната организација и убавата природа. Во изминатите 7 години настанот го посетиле преку 2500 директни учесници кои ги возеле патеките на АЗОТ-от, а индиректно како посетители-туристи, семејни излети и останати туристи се претпостaвува дека за овие седум години имало посета од над 3000 луѓе. Ова е брoјка која заслужува внимание од сите фактори кои учествуваат во борбата за развој на руралните средини, развој на руралниот туризам како голем потенцијал на Македонија, а со тоа и развој на планинскиот туризам. Регионот на АЗОТ изобилува со прекрасни природни богатства кои реално се многу малку искористени, и со вакви настани се надеваме дека ке привлечеме поголемо внимание кон домашните и странските туристи за посета на овој регион, било тоа да е транзитно – ден или два, или пак би престојувале овде подолгорочно.

Концепт за OUTDOOR festival „АЗОТ 2022 мтб предизвик“

2022 година, осми по ред, во Богомила се одржува „АЗОТ 2022 мтб предизвик“. Петта година по ред настанот е со префикс outdoor festival или настан на отворено. Со ова, овозможуваме проширување на активностите на фестивалот, а со тоа зголемување и на бројот на учесници, односно посетители. Во планот и програмата за оваа година воведуваме неколку дополнителни активности како што се ПЛАНИНСКОТО ТРЧАЊЕ, РЕКРЕАТИВНОТО ПЛАНИНАРЕЊЕ. СЕМЕЕН ИЗЛЕТ СО ПОСЕТА НА КУЛТУРНИ ЗНАМЕНИТОСТИ, ОРИЕНТАЦИЈА ВО ПРОСТОР, ОБУКА ЗА МЛАДИ ВЕЛОСИПЕДИСТИ, ФИЛМСКИ ДЕЛ СО ПРОЕКТИРАЊЕ НА ДОКУМЕНТАРНИ ФИЛМОВИ ЗА БОГОМИЛИТЕ И ЗА РЕГИОНОТ АЗОТ како имногу други активности. Со ова планираме да го зголемиме интересот на поширока палета на рекреативни спортисти кои се занимаваатсо овие спортови. Во тој поглед како прво, во однос на планинскиот велосипедизам сме со план турата да ја подигнеме на ниво на МЕЃУНАРОДНА ТУРА со покана на велосипедски групи од Балканот и пошироко. Веке стапивме во контакт со велосипедисти од Романија, Хрватска, Словенија, Србија, Бугарија и Грција, а со помош на посредство на неколку Амбасади во Р. Македонија имаме поддршка и гаранција за посета на туристи и велосипедисти од Словачка, Литванија, Германија и др. За сето ова потребно е  голема и перфектна огранизација, но минатиот труд  постигнат во изминативе седум години ни дава за право дека ке успееме во нашите намери.

    Освен овие плански активности, би поставиле уште неколку кои секако, би добиле идеја со до поставувањето на конечниот план и програма за работа на овој OUTDOOR фестивал.

Карактер на програмата за OUTDOOR фестивал „АЗОТ 2022 мтб предизвик“

OUTDOOR фестивалот „АЗОТ 2022 мтб предизвик“ по својот карактер, преставува позитивна линија во целокупниот цртеж на вакви настани во Македонија. Позитивниот карактер се согледува во големиот интерес на учесниците, позитивната кампања која ја водиме во текот на целата година, бројот на пријавени, како на годишно ниво , така и на комплетирани посетители во изминативе три години.

OUTDOOR фестивал „АЗОТ 2022 мтб предизвик“

Целта на OUTDOOR фестивал „АЗОТ 2022 мтб предизвик“ е видлива уште со првичната идеја за огранизација и реализација на ваков настан. Овој и многуте слични настани во Македонија имаат големо влијание врз развојот на планинскиот велосипедизам, планинарењето и општо сите спортови на отворено, со што ние како организатори веруваме дека имаме добра насока за промена на начинот на живот. Овие настани, како и нашиот, се организираат на преубави делови од Македонија со што секој посетител има можност за ги види, да научи нешто за нив, а со тоа и да ги пренесе кон неговите блиски.

    Главната цел на овој рекреативен велосипедски настан е да го стимулира развојот на туризмот врз основа на природното и културното наследство. Еден од главните потенцијални сектори за економски развој е туризмот, и токму овој проект ќе одговори на предизвикот за промоција на недоволно познати или воопшто непознати природни и културни наследства, кои би можеле да послужат како предуслов за зголемување на туристичкиот потенцијал. Овој проект има прилично големо влијание врз создавање на поволни услови за развој на туризмот, како и популаризација на туристички локалитети и атракции воовој регион

    Целта на OUTDOOR фестивал „АЗОТ 2022 мтб предизвик“ е промоција на регионот кој е поставен како место за реализација на настанот, промоција  и афирмација на руралниот туризам, привлекување на домашни и странски туристи, и крајна цел е поттикнување на локалното население за враќање во своите краишта и поттикнување на локалниот бизнис.

Како специфични цели, ги издвојуваме:

  • создавање на високо-развиена бизнис-туристичка пријателска средина
  • привлекување на нови туристи преку подобрување на атрактивноста на туристичкиот локалитет, кој пак ќе придонесе кон подобрување на заинтересираноста  на туристите
  • зголемување на потрошувачката на туристи, преку зголемување и подобрување на информациите за туристичките локалитети, знаменитости, даватели на туристички услуги, и сл.

Очекувани ефекти од OUTDOOR фестивал „АЗОТ 2022 мтб предизвик“

Во однос на очекуваните ефекти, ке го наведеме последниот ефект за с. Богомила од последниот OUTDOOR фестивал „АЗОТ 2021 мтб предизвик“. Првиот настан во 2015 година, локалното население беше крајно незаинтересирано, некомуникативно и одбивно. Моравме поединечно и скромно да им објаснуваме што ни е  идејата за сето ова. Поставивме табли и мапи на влезот од селото. Ни ги скинаа, поставивме пак, пак ги скинаа..

Оваа година имавме неколку состаноци со месното население. На последнито состанок имаше преку 40 селани и жители кои живеат во Велес, Скопје или други градови ,а доаѓаат овде за викенди. Двајца од локалните бизнисмени отворено ни помогнаа, а за 2022 година сакаат да бидат дел од целокупната организација. Планинарскиот дом во селото за настанот е резервиран месец дена претходно. Дополнително директно преку нас безбедивме преку 10 приватни куќи со 50-на легла за смештај на учесниците. Вкупно, во Богомила во викендот кога се организира овој настан престојуваат по слободна проценка преку 1000 луѓе, дали се тоа директни учесници, дали се  заинтересирани посетители, дали е локално месно население кои повикале гости и др. Старите жители весело извикуваат дека толку народ немало скоро еден век.

Ова очигледно е ефектот од овој настан.

Покрај ова, во план сме надоградба на нашиот веб сајт www.azot.velesbiking.mk преку коj имаме во план да ја зголемиме маркетинг кампањата и нивото на информираност на секоја единка, како во Македонија, така и пошироко.

Како илустрација, да наведеме дека организаторот  ЗГ Велес Бајкинг има своја FANPAGE страница на Facebook на која има преку 4000 следбеници. Во  2018 мтб предизвик“, објавите , сликите  и другите прилози кои беа ставени на тој fan page, статистички беа прегледани од преку 100.000 посетители. Оваа бројка, ни дава за право да бидеме годри на она што го работиме.

Изминатите 2020 и 2021 година, поради светската пандемија со КОВИД-19 вирусот, го одржавме овој настан со ограничена бројка, така како што ни наложи Комисијата за заразни болести при Владата на Р. Македонија, со нивни прецизни Протоколи кои доследно ги спроведовме.

Одржливост на  OUTDOOR фестивал „АЗОТ 2022 мтб предизвик“

Во однос на одржливоста на OUTDOOR фестивал „АЗОТ 2021 мтб предизвик“, фактот што овој настан е седум години по ред, и ниту во еден момент немаме намера да се откажеме. Напротив. Во секој поглед, покажуваме дека имаме желба, можности, капацитет, човечки ресурси и се што е потребно за продолжување на овој настан. И не само продолжување, туку со приложениот план и програма за 2022 година , каде што планираме да го претвориме овој настан во МЕЃУНАРОДЕН покажуваме дека овој настан нема да прекине во долго време. Планот и програмата на „АЗОТ 2022 мтб предизвик“ е вистински показател за одржливоста на овој настан.

Богомила, регион АЗОТ, март 2022

Организационен Одбор на

outdoor festival „АЗОТ 2022 мтб Предизвик“

leave a comment