ИНФОРМАЦИИ ЗА НАСТАНОТ

Опис на outdoor festival  АЗОТ 2023 мтб Предизвик 

Outdoor Festival „АЗОТ 2023 мтб Предизвик“ својата прва промоција ја имаше во јуни 2015 година, каде група ентузијасти, членови на Велес Бајкинг решија да направат рекреативна велосипедска тура со цел да ги соберат сите љубители на планинскиот велосипедизам од цела Македонија и заеднички да го извозат еден од најубавите, најнеистражените и најмистичните предели на нашата држава. Ефектот беше многу позитивен, иако доста скромно, со многу непознати, го направивме настанот како препознатлив бренд на с.Богомила кој еве и по 8 години приказната трае, се изменува, се проширува и добива на квалитет.

Од самиот почеток, па еве до подготовката на 9-тиот по ред настан, можеме да заклучиме дека ова е еден од најдобрите настани на отворено кои воопшто се организираат кај нас. Во изминатите 8 години, па до сега настанот е посетен просечно по 300-350 учесници, а највеќе 2016-та година (450 вкупно).

Секоја година членовите на здружението Велес Бајкинг на самиот старт на тековната година предлага план и програма на работа на здружението, согласно со правилата и прпописите на работа на здруженијата ( Закон за здруженија и фондации). Секоја година настанот е дводневен со однапред предвиден агенда на настани.

За својот 9-ти настан предвидени се два дена активности. Почувајќи од првиот ден-сабота каде денот започнува со мала рекреативна велосипедска тура до с. Бистрица (14км во два правци), посета на манастирот „св.Петар и Павле“ над селото, каде со љубезните домаќини е договорена заедничка средба, со нивна пормоција на органска храна и природни шумски плодови. Крајот на турата ќе се обележи со заеднички ручек – каша од свеж планински вргањ – вид на печурки кои ги има во изобилие во овој крај.

leave a comment