Изминатиот викенд Организационата екипа на #ВелесБајкинг изврши проверка на една од двете средни патеки кои ќе бидат на располагање на учесниците на престојниот 7-ми по ред outdoor festival АЗОТ 2021 мтб Предизвик.

Ако се прашувате ЗОШТО ДВЕ, одговорот е едноставен. Учесниците секоај година бараат од организаторите некој новина, посебно во патеките. Годинава организаторот, „Велес Бајкинг“ се реши на две варијанти на средната патека и тоа средна патека-потешка варијанта и средна патека-полесна варијанта. И двете патеки во целина се исти, но различни во стартните 6,4 км.

АЗОТ 2021 мтб Предизвик – средна тура, полесна варијанта е онаа класична, позната на редовните учесници која се вози скоро секоја година ( освен 2018 година кога се возеше во обратен правец). Велосипедистите се движат во правец кон с.Нежилово ( рибник Нежилово, поточно) по асфалтен пат. Релацијата од стартот на патеката до рибникот Нежилово изнесува 8,4км со елевација од 130м. По рибникот, патеката е off road а води кон пл.дом Чеплес. Вупната должина на сегмент Рибник Нежилово-пл.дом Чеплес е 10,5км со елевација од 800м. Во овој сегмент патеката во 90% е под сенка, во букова шума. Патеката поминува покрај извонредно живописни места, погледот кон Солунска Глава ( поглед од милион долари) е само дел од овие авантуристички места. Истовремено по оваа патека ќе се движат и планинарите чија дестина ција ќе бидат изворите на р.Бабуна.

Откако ќе стасате во пл.дом Чеплес, ќе ве пречекаат наши членови-организатори кои ќе ве понудат со топло чајче. Престојот во дворот на пл.дом Чеплес е со одобрение и коорганизација на ПСК ЧЕПЛЕС. Ги замолуваме сите учесници за почитување на редот и хигиената на домот, и почитување на основното правило во природа – СЕКОЈ СИ ГО НОСИ СВОЕТО ЃУБРЕ ВО СВОЈОТ РАНЕЦ ДО НАЈБЛИСКИОТ УРБАН КОНТЕЈНЕР!!!

По заминувањето од пл.дом Чеплес ве очекува спуст кој оваа година бара ИСКЛУЧИТЕЛНО ВНИМАНИЕ И САМОКОНТРОЛА НА СЕКОЈ УЧЕСНИК-ВЕЛОСИПЕДИСТ. Поради големото невреме кое го зафати овој регион дел од патеката е сериозно оштетена, на места има дупки и преку еден метар, па ги замолуваме сите велосипедисти за крајна внимателност при спушањето. Доколку сметате дека не сте во можност да ги совладате препреките -камењата со возење, безбедно, со пешачење-преминете ги. Не заборавете на основната парола на сите настани – БЕЗБЕДНОСТА ПРЕД СЕ!!!

Пред крајот од влезот во едно од најубавите Македонски села- Папрадиште, како организатори повторно воведовме нов сегмент во должина од 1,6км .Ово јдел од патеката е еден од најубавите, но исто така бара голема концентрација и внимателност при возењето. Патеката поминува низ манастир Св. Илија.

Паузата во Папрадиште секојможе да ја искористи по свое убедување, а има што да се види таму. За крај, останува асфалтниот дел во должина од 8,1км до целта

линк од средната патека, полесна варијанта ОВДЕ

АЗОТ 2021 мтб Предизвик – средна тура, потешка варијанта се разликува од оваа претходната само во стартот и првите 6,4 км. Позитивните аспекти на оваа патека се тоа што не возите асфалт во ниту еден момент, патеката е во исклучително живописен шумски предел, а погледот кон целиот масив на мокра планина е once in life. Секако за да го доживеете ова, ќе мора да го прифатите предизвикот за буткање на сегмент од 1,2 км дел каде угорнините изнесуваат и до 29,2%. Патеката се искачува на висина од 781м и од таму има одличен, но и специфичен спуст во должина од 1,8км се до спојување со останатите велосипедисти од средната патека-полесна варијанта.

Се друго е исто, уживајте во било која патека да ја одберете. Искуството е неповторливо, предизвикот е привлечен, на вас останува која опција ќе ја одберете.

Во меѓувреме, погледнете ги и другите објави на нашата веб страна, запознајте се со целосната програма, прочитајте ги вашите привилегии и ОБВРСКИ ( потпишување ИЗЈАВА за самостојно возење) прифаќање на сите услови кои ги пропишал огранизаторот.

и да, РЕГИСТРАЦИЈА ЗА УЧЕСТВО НА НАСТАНОТ – ТУКА!!

#АЗОТ2021мтбПредизвик #ВелесБајкинг #VelesBiking

leave a comment