Ви ја доловуваме Тродневната програма за овогодинешниот настан АЗОТ2021мтбПредизвик.
Првиот дене неофицијален и важи само за најзагреаните за кампување..
ПРОГРАМА
10.09.2021 – Петок
15:00- Пристигнување во кампот, средување на насоките за кампување , дезинфекција на кампот
19:00- 23:00 Рекреативна слободна програма, поставување на првите шатори, логорски огин
11.092021 – Сабота
09:00-19:00 Пристигнување и регистрација на учесниците (потпишување на изјава), сместување и првични импресии
12:30-17:00 Рекреативно возење со велосипед до Манастир „Рождество на Пресвета Богородица“ – Согле, запознавање со историјата на манастирот.
17:30-18:30 Обука за техника за возење на мтб велосипед за млади ( обуката ке ја водат искусни велосипедисти)
ВЕЛОСИПЕДСКО КИНО БОГОМИЛА ви прикажува!!!!!
17:30-18:15 ДОКУМЕНТАРНИ ФИЛМОВИ ЗА БОГОМИЛИТЕ
18:15-19:00 ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ ЗА УБАВИНИТЕ НА АЗОТ
19:00-20:00 DJ лига на шампиони. Натпревар за најдобар DJ помеѓу велосипедистите. Право на учество имаат само регистрираните учесници на настанот, вкупно 3 ( секој по 20 минути).
20:00-21:30 Концерт на фолклорна секција на ВЕЛЕС БАЈКИНГ, настан кој не се пропушта!!!
21:30-23:59 Рок концерт, EPIDEMY band – Кавадарци, урнебесна журка која ја немате осетено на најголемите концерти во Европа и пошироко!!!
23:59-00:10 Завршување на сите активности, сите на спиење, спремни да го дочекаме новиот ден!!!
Можности за поединечни активности: -Посета на спомен куќа на Петар Поп Арсов во с. Богомила;-Прошетка низ реката Бабуна и посета на Римскиот мост во селото;-Бањање на некоја од Богомилските плажи на р.Бабуна;-Посета на повеќе манастирски објекти во регионот

12.09.2021 – Недела
07:30-08:30 пристигнување и регистрација на учесниците (потпишување на изјава за самостојно учество и други предовни процедури предвидени од организаторот), c.Богомила регион АЗОТ
08:20-08:30 Старт на учесниците во планинарење АЗОТ HIKING 2021-посета на изворите на р.Бабуна (ќе се оди организирано со сопствени автомобили до рибник Нежилово).*
09:00-09:05 Старт на рекреативната велосипедска тура АЗОТ мтб предизвик 2021 – голема патека (Тргнувањето ќе биде во согласност со критериумите за КОВИД-19) **
09:10-09:15 Старт на рекреативната велосипедска тура АЗОТ мтб предизвик 2021– средна патека ( и двете опции) ***
10:00-10:20 Старт на велосипедска тура за мрзливи до рибник Нежилово
12:30–14:00 Пауза во пл. Дом Чеплес, топол чај на пауза

14:00-15:00 мал одмор во с. Папрадиште , можност за посета на црквата „Св. Петар и Павле“
14:30-16:00 Пристигнување на првите и најбрзите учесници на турата, обезбеден ручек од организаторот во кругот на училиштето c. Богомила
16:00-16:30 Лотарија за сите учесници, со интересни награди и подароци од организаторот. Доделување на Благодарници на организирани клубови/здруженија и фирми/компании поддржувачи на АЗОТ 2021 мтб Предизвик18:00 Официјален Крај на настанот