Во овие КОВИД-19 тешки времиња да организираш ваков настан е научна фантастика. Прво одложување во мај, второ одложување во август, трето одложување поради забрана за движење во шума, четврто контролирање за задолжителна вакцинација, па задолжително делење на учеснците по принцип лево вакцинирани, десно невакцинирани, па интервјуа во МВР, молење во Македонски шуми, молење во Општина Чашка за средување на дворот, па договор за користење на дел од школскиот инвентар ( за кој имавме посебни критики од дел од родителите но мораат да знаат дека ги оставивме комплетно дезинфицирани, почисти не биле никогаш). Бина ќе има, бенд ќе има, на два дена пред настап одложивме секаков вид на музички настани од почит кон загинатите од пожарот во Тетово.. Да не набројуваме уште, а има за броење…. На толку многу препреки, мислам како Велес Бајкинг може слободно да не земат во репрезентација за трчање со препреки на следната олимпијада!!!!

И покрај се….и покрај се…. УСПЕАВМЕ да направиме настан кој верувам ќе се памети. Преку  230 директни учесници – со платена котизација, преку 30 планинари и преку 50на наши пријатели кои дојдоа да не видат, да не поддржат, да имаат  во глава што всушност ние правиме во Богомила. А правиме многу ДА ЗНАЕТЕ. Правиме многу за промоција на Богомила, за промоција на регионот АЗОТ, го промовираме планинарскиот дом Чеплес, оваа година дел од учесниците се качија на прекрасната Куртовица (1690мнв), дел беа на изворите на Бабуна, дел беа во посета на прекрасниот манастир Рождество на Пресвета Богородица во с.Согле. Дел од учесниците кои беа присутни во саботата беа на бесплатна обука за ПРВА ПОМОШ, благодарение на искрената соработка со ЦРВЕН КРСТ на Македонија – општинска организација ВЕЛЕС, кои несебично ни дадоа 60 минутна обука која нас како велосипедисти и тоа како ни е потребна. Имавме и 50 минутна проекција на документарни филмови за Богомилското движење кое започнало токму од Богомила, од поп Богомила а кое се распространило низ целиот свет подоцна. Имавме многу активности, а главниот ден во неделата како никаде до сега, имавме ЧЕТИРИ велосипедси патеки, за секого по нешто. И да , имавме и една планинарска. Тоа до сега го немало никаде, мора да признаеме. И за крај имавме скромна лотарија со скромни подароци кои некому може изгледаше смешно, но целта беше постигната – по возењето сите останвме да се подржуиме и запознаеме уште  60-на минути. На крај, целта на сите овие настани е дружењето и позитивната енергија која ние а и сите гости ја имавме во изобилство.

Овој настан никако немаше да биде тоа што е ако Велес Бајкинг не функционира како едно големо семејство, ако Бајк заедницата во Македонија не функционира како една позитивна секта. Никола, Павел Драги и уште многу други кои индиректно помогнаа за реализација на настанот се главните виновници за оваа седма успешна приказна. Секако тука се надополнуваат и сите фирми кои несебично помогнаа. Сакаме да искажеме посебна благодарност кон…  EXTREME.MK   КОЖУФЧАНКА ДОО КАВАДАРЦИ ОПШТИНА ЧАШКА  и Велес  АГРИА – ВЕЛЕС  ЕКО ЦЕНТАР 97 СКОПЈЕ  АЛКАЛОИД СКОПЈЕ АЛГАСАН БИМФООД ПРИЛЕП ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА БИО КОСМОС  СИМИТ ПЕТРОЛ  ПЕКАРА ГЕМИЏИИ  ФИТОФАРМ ФАРМАЦИЈА КАФЕАНА КАЈ ДАЦЕ за преубавиот ручек, ТРЕСКА СПОРТ – СКОПЈЕ ВИТАМИНКА ПРИЛЕП РЕПЛЕК СКОПЈЕ УКА КОМЕРЦ СКОПЈЕ, како и дежурната екипа на БРЗА ПОМОШ ВЕЛЕС, Македонски шуми како и најдобриот вработен во ООУ Петар ПОП АРСОВ кој се грижеше двадена за беспрекорна хигиена во кампот.

leave a comment