Осмиот по ред вело фестивал како и секоја година ќе се одржи во последниот викенд од мај, со исклучок на минатата година кога поради разни надворешни влијанија ( КОВИД-19, пожари, сообраќајни несреќи и др.) беше поместуван терминот неколку пати
И оваа година домаќин ќе биде село Богомила, а главниот камп центар во дворот на ОУ „Петар Поп Арсов“. Осма година по ред во овој регион ќе продефилираат стотици велосипедисти од цела држава, а поканети ќе бидат и неколку велосипедски клубови и здруженија од регионот ( Србија, Бугарија, Грција)
Здружението Велес Бајкинг и оваа година најавува многу интересни содржини, обуки, натпревари во технички вештини на возење точак, документарни филмови, мини тури, нови патеки за авантуристи и за оние најиздржливите и многу други изненадувања. Секако со нетрпение го очекуваме и саботниот рок спектакл кој изминативе две години беше откажуван поради непланирани надворешни случувања.
За сите понатамошни соопштенија следете го евентот на социјалните мрежи
#BikeFestivalInMacedonia #VelesBiking #AZOT2022mtbChallenge