Биди и ТИ Волонтер

Придружи се на тимот

Приклучи се

АЗОТ мтб Предизвик објавува повик за позитивни и мотивирани личности кои ќе се вклучат како волонтери во организацијата на настанот во 2022 година.

Пополни го формуларов и ќе те контактираме навремено.

(линк за пополнување)

Услови:

Обврски за волонтерите:

  1. Секој волонтер е обврзан да се појави на претходно договореното место и време за соодветно и навремено распоредување на контролните точки. – (Сите волонтери ќе бидат навремено известени за овие работи по е-пошта и телефон од страна на организаторот)
  2. Доколку некој од пријавените волонтери не е во можност да се појави на настанот, ве молиме благовремено да се извести организаторот (најдобро е неколку денови пред настанот)
  3. Волонтерстото ќе трае само на денот на #АЗОТ2022мтбПредизвик и ќе трае најмногу 10 часа
  4. За време на настанот волонтерите треба да ги извршуваат своите обврски на контролната точка (усмерување на учесниците кон вистинската насока, делење на храна и пијалоци итн) – Обврските ќе бидат одредени и следени од страна на Координаторот на контролната точка
  5. Главно и одговорно лице на контролните точки е Координаторот кој е надлежен за контролната точка и чии насоки треба да се следат и почитуваат.

Организаторот за волонтерите ќе обезбеди:

  1. Пакет како сите учесници
  2. Оброк
  3. Превоз по потреба
  4. Електронски сертификат/благодарница

Повеќе насоки и распределба по контролни точки ќе добиете на техничкиот состанок за волонтери кој ќе се одржи некаде во неделата пред настанот.

Регистрација

Апликација за волонтери

Пополнете го следниот формулар и ние ќе бидеме во контакт со вас.
Доколку имате какви било прашања, ве молиме контактирајте не на velesbiking@gmail.com.

    Дали сте биле претходно волонтер на АЗОТ мтб Предизвик? *

    I agree that my submitted data is being collected and stored.