Loading Events

« All Events

Експедиција: Низ срцето на Илинден ????‍♂️

јуни 11 @ 09:30 - 17:00

Со огромно задоволство ви го претставуваме првото издание на Експедиција: Низ срцето на Илинден!
Оваа планинско велосипедска тура е во организација на МТБ Илинден и истата ќе се одржи на 11.06.2023 во општина Илинден – со стартно место спортска сала “Гоце Делчев” од 10:00 часот.
Турата е средно тешка со должина од околу 35км (по асфалт и планински терен) и елевација од 580 метри. Повеќе детали и линк до целосната рута ќе објавиме наскоро.
На настанот можете да учествувате бесплатно, каде возите на Ваша одговорност!
Сите заинтересирани учесници пожелно е да имаат технички исправен планински велосипед, воедно со себе да носат заштитна кацига, резервна гума, храна и вода.
Претставници од МТБ Илинден ќе бидат водичи на турата, кои ќе ви бидат на располагање за било каква помош или прашање во текот на возењето.
Ве очекуваме, бајкерски поздрав ✌️????‍♂️