Loading Events

« All Events

  • This event has passed.

8th Outdoor Festival АЗОТ 2022 мтб предизвик

мај 28 @ 08:00 - мај 29 @ 18:00

14$

Осма епизода на најголемиот настан на отворено во регионот на АЗОТ и пошироко на територија на Македонија, 8-ма година во организација здружението за планински велосипедизам ВЕЛЕС БАЈКИНГ и нивните пријатели и поддржувачи.
Ако во 2015 година сте немале купено точак, 2016 не сте знаеле каде е Богомила, 2017 сте немале друштво, 2018 сте биле на Халкидики, 2019 сте слушнале дека ова е најдоброто нешто за планински велосипедизам, 2020 сте приумреле од страв да не фанете коронаи сте биле во изолација 365 дена, а 2021 ве лажеа дека со две дози свежо вакцинирани ќе можете да дојдете во Богомила, тогаш оваа 2022 година НЕ СМЕЕТЕ ДА ПРОПУШТИТЕ!!! За сите останати кои секоја година се со нас во Богомила знаат дека и оваа 2022 ќе биде забавно и нема да пропуштат прилика да бидат и по 8-ми пат …
Богомила и регионот АЗОТ ве очекува со сета своја природна убавина. Единствена прилика да го вдишете духот на Богомилите, да се сликате на Римскиот мост во Богомила, да возите низ преубавите села Папрадиште, Нежилово, Црешнево.. да пиете чај на трева пред планинарскиот дом во Чеплес, да вкусите каша од домашен вргањ во Бистрица, неколку водопади долж патеката, поглед од милион долари кон Солунска глава… Планинарење, планинско трчање, документарни филмови, едукација и програма за млади и деца и многу други изненадувања, оваа 2022 година со нови изненадувања ве очекуваме заедно да ги извозиме новите прекрасни патеки под падините на Солунска Глава….
Сместување во компактен камп за шатори, WC, free WI-FI (ако си имаш од телефонот), паркинг за 200 возила, шанк со многу пиво, три коперации за оние најупорните, планинарски дом со извонредни услуги, жители со пријатна насмевка и многу други поволности кои ги нуди Богомила и регионот.
Рок концертот на отворено не е задолжителен – тоа треба само да се доживее и да се биде на лице место.

Organizer

Велес Бајкинг – Велес
Phone:
+ 389 76 376 040
Email:
velesbiking@gmail.com
View Organizer Website