Loading Events

« All Events

  • This event has passed.

MARIOVO OFF-ROAD EXPERIENCE: ENTER THE WILDERNESS

мај 6 @ 08:00 - мај 8 @ 17:00

Free

Вториот викенд во мај резервиран За Мариово.
Се собираме по единаесетти пат.

Нешто околу програмата.
Програма нема 🙂
Неделата е предвидено искачување на врвот Сокол на Ниџе планина со Марио, Зоки и Трансверзалец како дел од акцијата 12 Врвови. Почетокот и крајот е во село Градешница од пред продавница, за саат допрва ќе знам.
Саботата ќе се вози големата тура. Има најава за повеќемина точкари, па ќе видиме колкумина ќе бидат. Кој кога сака може да си тргне да си вози. Можам да ви дадам снимка од Страва, маркирана е и тоа е тоа. Логистика може да се даде од село Градешница. Другото го возите сами. Планирајте да биде обраснато и реките надојдени. Вода им по селата, ама сепак земете си количина, може на братот до вас ќе му затреба. Се препорачува возење во група заради суровиот терен.
Исто така саботата планираме да испешачиме и да се бањаме на Еленик, преубаво место. Супер лесно одење, но сепак по суров терен. Па таму пикник, пиво, лево-десно…

Details

Start:
мај 6 @ 08:00
End:
мај 8 @ 17:00
Cost:
Free
View Event Website

Organizer

Касандар Македонски