Големиот настан „outdoor festival АЗОТ 2021 мтб Предизивк“ оваа година се одржува по 7-ми пат, како и сите изминати години низ прекрасните шуми на АЗОТ-от, со централно место во Богомила. Организаторите на овој настан – Велес Бајкинг како и секоја година така и оваа припремаат голем број на иновативни изненадувања за сите учесници.

Самиот регион АЗОТ од секогаш преставувал симбол на непокорот, …….?

Секој кој барем еднаш кампувал на отворено, посетил некој од планинарските домови, бил на изворите на Бабуна, се искачил на Солунска глава 2540мнв, Даутица 2178мнв или било кој од препрасните врвови на Мокра Планина, ја посетил прекрасната врква Св.Петар и Павле во Папрадиште или Орешкиот манастир, се восхитувал на некој од 20-на водопади низ целиот регион, се бањал во водите на Бабуна и секако возел велосипед низ прекрасните планински предели од Бистрица преку Црешнево, Капиново се до планинарскиот дом Чеплес. Кој ги уживал барем дел од овие убавини знае за што станува збор, знае каква убавина се спојува со неговиот дух. Знае дека секое вдишување во неговото тело навлегуваат духовите од Богомилите, оние за кои уште од дамнина знаеле што е праведност, правичност и човечност, знаеле да го штитат своето население, својот род, своето потомство. Магијата на Богомилите уште од  Х век во која е верува дека „светот е борба на доброто и злото и дека на крајот ќе победи доброто“ сеуште тлее во сите нас.

Велосипедскиот настан „АЗОТ 2021 мтб Предизвик“ кој се вози нпо патеките на Мокра планина, покрај реката Бабуна надалеку позната по својата речна пастрмка. Доволно е да дојдете  во било кое време, да застанате било каде и да одбрете  било која траса, велосипедска, планинарска, алпинистичка – сеедно било каде д атргнете ќе ве следи духот на слободата кој непрестано ќе кружи над вас.

Самиот настан е посвеетен на рекреативците, на вистинските љубители на природата,на планинсктио велосипедизам, но и на планинарите, на сите категории на физичка спремност. Заначјно за нас е старосната граница – во 2020 година на иста патека велосипед возеа најмладиот и најстариот учесник-велосипедист. Првиот на само 8,5 години, а вотриот виситнски херој – на негови 72 години. И двајцата ја поминаа средната патека во должина од 33,7км со елевација од 1005м.

Настанот е се повеќе порепознатлив и по се поголемиот број на фамилии кои доаѓаат организирано и секој си ја бара својата авантура. Во последните неколку години акцијата за масовнот на најмладите доведува до голема заинтересираност на оваа фамилијарна посета.

leave a comment