https://ridewithgps.com/routes/39096416
Големата патека е во должина од 42,9 км. Старт и цел на патеката е с. Богомила (школскиот двор на училиштето Петар Поп Арсов) на надморска висина од 497 мнв, а највисоката висинска точка на која поминуваат велосипедистите е 1420мнв кај Планинарскиот дом Чеплес
Стартот е во школскиот двор на училиштето Петар Поп Арсов од каде учесниците се упатуваат кон иконата на селото-Римскиот мост кој е надвиснат над двата брега на една од најубавите и најбистрите реки во Македонија, реката Бабуна. Прво населено место низ кој поминува патеката е село Црешнево на 9км од стартот и на висина од 850мнв. Над селото Црешнево патеката води до Црешневкиот преслап на висина од 1005 мнв. Погледот од овој дел кон Солунска Глава, Даутица и Плавник, како и селото Папрадиште и на долна страна Нежилово е нешто кое ве остава без здив.
Од овој преслап по извонредно возбудлив single track патека се до с.Нежилово.
Долж патеката се појавуваат низа од препреки за кои освен физичка припремност потрено е и соодветна техника на возење, па затоа ГИ СОВЕТУВАМЕ оние понеискусните да се симнат од точакот и овие делници да ги поминат со одење!!
Попатно учесниците ке посетат извонредно живописен водопад над селото формиран од неколку реки и поточиња.
На должина од 14,1км патеката се приклучува на патот за с. Нежилово кој е асфалтен во должина од 1,7 км. с.Нежилово е на висина од 700мнв, моментално во него живеат некаде 20-на постојани жители. Во текот на викендите селото се полни со иселеници кои претежно од Велес и од Скопје, но и од другите градови на Македонија. Нежилово некогаш беше надалеку познато со изработка на квалитетен варовник кој за негова припрема мештаните имаат посебна мајсторија и за која преставува селска традиција.
Селото е препознатливо по производство на квалитетен компир. Во близина на селото се наоѓа и рибник кој е посетен од голем број на туристи. На релација од с.Нежилово до пл.дом Чеплес на релација од 11км постојана угорнина патот е земјен (off road ). Во овој дел патеката е обвиткана од двете страни со прекрасна букова и дабова шума и ве остава без здив. Неколку делови на оваа патека се уникатни, една од нив е и онаа каде можете да одморите со восхитувачки поглед кон Солунска Глава, популарно наречен „поглед од милион долари“

Исто така, на половина пад до Чеплес, се наоѓа тесна патека која води кон изворите на Бабуна. На 21-от км должински, се наоѓа пл. Дом Чеплес, главната контролна точка на патеката, место каде е најголемиот одмор на велосипедистите. Тука некаде е највисоката точка на патеката – 1432мнв, коа преставува првиот дел на патеката.
Од пл.дом Чеплес, се до водопадот на Чеплеска река, патеката останува иста. Оваа година има измена на ултра големата туракој овој пат, од тука оди повторно по угорнина – се до местото наречено „Куртовица“ на 1620мнв. Од тука има прекрасен поглед на целиот масив Мокра планина. Од ова место до с.Папрадиште е класичен спуст- singletrail. Наопменуваме дека оваа патека е исклучително само за искусни downhill велосипедисти.

НАПОМЕНА: Линкот од оваа патека о нема сегментот кон Куртовица и Маркова нога)
Вкупна должина на патеката „ АЗОТ 2021 мтб Предизвик big trail “ : 42.9 км
Вкупно искачување: +1,697m
Вкупно контролни точки: 4
Вкупно места со чиста вода за пиење: 4
Вкупно времетраење на возење на патеката (предвидено време):околу 500 мин. ( 8-8,5 часа) споро возење, или 6-7 часа брзо возење
Поставени табли со детална мапа на патеката: 4
Места поставени со волонтерка екипа од Велес Бајкинг:5
Топол чај за учесниците: 1 ( планинарски дом Чеплес)
Стручен персонал за велосипедите ( мајстор):1
