Информации за АЗОТ 2021 мтб Предизвик


детали

Сакам да учествувам -Како да се регистрирам


Детали

Детали за регионот АЗОТ


Детали

Правила за учесниците


Детали

вовед
Добредојдовте на АЗОТ мтб Предизвик

Ние сме едно од најголемите вело-семејства во Македонија. Имаме долгогодишно искуство во организирање на секакви велосипедски настани, маркација на велосипедски патеки. Нашите тури вклучуваат возење велосипед низ интересни предели на Македонија, теренски погодни и непогодни, асфалтни и off road патеки и многу повеќе. Ако сте подготвени да се тестирате на една од најтешките и најубавите патеки во Македонија, ако сте спремни за огромна количина на позитивна енергија, незаборавно дружење низ шумите на Мокра Планина, слободно контактирајте не!

5/5
500 мкд

Уплата за период 21 јуни – 14 јули 2021 година

РАН ПЕРИОД за КОТИЗАЦИЈА/РЕГИСТРАЦИЈА

  • DRY FIT маичка
  • Стартен број
  • Пакет Производи
  • Освежување со вода, енергетски пијалоци, житарици, овошје на старт и пунктови
  • Ручек
  • Музички настан
  • Документарни филмови
  • Едукација за млади велосипедисти
  • On line благодарници                    (за поединци)
  • Лотарија

enter now
600 мкд

Уплата за период 15 јули – 18 2021 година

КОТИЗАЦИЈА/РЕГИСТРАЦИЈА

  • DRY FIT маичка
  • Стартен број
  • Пакет Производи
  • Освежување со вода, енергетски пијалоци, житарици, овошје на старт и пунктови
  • Ручек
  • Музички настан
  • Документарни филмови
  • Едукација за млади велосипедисти
  • On line благодарници                    (за поединци)
  • Лотарија

enter now
5/5

0Учесници0Вкупно Волонтери0Вкупно Посетители

participants’
reviews

Andrew Black, LA

I just want to thank you all for organizing such a spectacular and memorable event. It was the best motocross competition so far, and I am really looking forward to the series next year. See you!

Andrew Black, LA

Наша Галерија

кликни и погледни

нешто за…..

Регион АЗОТ

Областа АЗОТ е сместена по течениет она реката Бабуна. Потеклото на овој регион е од неколку преданија.Едно од нив е од Арапскиот збор ХАС или ХАСОТ кој значи тешкопристапен предел.Во XVIII век овој регион бил многу населен се до 20-те године ов минатиот век, кога започнува нагло празнење и иселување. Според некои податоци, од 6000 жители во 1948 бројот е намален на 1252 во 2002 година.

Историјата на АЗОТ датира уште од античко време.Оваа област била граница помеѓу Пајонските племиња и древно Македонските племиња. Се верува дека сегашниот пат за Прилепско ( по кој е и предвидената патека за велосипедскиот настан) е направена од Цар Самоил и му служела како таен пат за напад на непријателските војски кон Прилепско и Пелагонија воопшто. Со доаѓањето на Христијанството, во X век се појавило и Богомилството, на чие чело застанал ПОП БОГОМИЛ. Најверојатно селото Богомила го добила името по него. Реонот на АЗОТ е место кое изобилува со голем број на цркви, манастири, историски податоци и друго. Во центарот на АЗОТ, во селото Богомила се наоѓа спомен куќата на Петар Поп Арсов, еден од основоположниците на Македонската Револуционерна Организација. Исто така  селото Богомила се  гордее со РИМСКИОТ МОСТ, еден од ретките  во Македонија кој е изграден во Римскиот период и сеуште ја чува својата автентичност и убавина. Впрочем мостот е и симбол на селото, нешто по што се препознава низ цела Македонија и пошироко. Низ селото тече и реката Бабуна, една од најубавите  планински реки во Македонија,во чии води живее речната пастрмка. Богомила има 2 цркви: Свети Атанасиј и Свети Илија. Главна селска црква е првата, која што била изградена во времето „кога биле прадедовците“ на денешните селани.

#АЗОТ2021мтбПредизвик

leave a comment