Изминатиот викенд екипа од #ВелесБајкинг направи обиколка на дел од патеките кои се во план за овој 8-ми по ред велосипедски настан.





Се извози комбинација од големата и средната патека. Првиот дел од турата води кон с.Црешнево, а потоа по „најтешкиот“ дел во должина од 1,7 км. По искачувањето на Црешневскиот преслап, за оваа година обезбедивме нова „single track“ патека во должина од 4,3км која изобилува со прекрасни предели и поглед кон масивот Мокра со поглед кон Солунска Глава 2540мнв.




Од новините за оваа година најавуваме и уште еден прекрасен „Нежиловски водопад“ а потоа за прв пат возиме низ селото Нежилово.
Делот од пл.дом Чеплес до с.Папрадиште со оглед на големите врнежи оваа есен и зима, е доста оштетен и ни останува да организираме уште неколку акции за комплетно средување на патекаат се до почетокот на настанот
п.с. делот од големата патека кој води кон Куртовица го оставивме за следна контролна, со оглед на големите оштетувања на вториот дел на патеката.





















