Како најлесно да стасате до Богомила??

 – Преку Велес, тргнувајќи кон Богомила, преку пат R1312 и 514. Растојанието од излезот на Велес до Богомила, поранешен Зидан Мост е 42,2 км а ќеви бидат потребни 50 минути средно возење.

GOOGLE MAPS DIRECTION ВЕЛЕС-БОГОМИЛА

 – Преку Прилеп, тргнувајќи кон Богомила, преку пат R1303 и 514. Растојанието од центарот на Прилеп до Богомила, поранешен Зидан Мост е 50,4 км а ќе ви бидат потребни 70 минути средно возење. Патот е  скоро целосно асфалтиран, со исклучок на делница од вкупно 2км некаде пред влезот во Богомила ( на 4км од селото) со тоа што треба да бидете внимателни при возењето, затоа што на делови од асфалтот на релација после Гостиражни има неколку дупки на на асфалтот

GOOGLE MAPS DIRECTION ПРИЛЕП-БОГОМИЛА 

 

 – Преку железнички транспорт Скопје-Велес-Прилеп-Битола и обратно. Да напоменеме дека сеуште стои забраната од Македонски железници за транспорт на велосипеди во воз воведен во 2017 година.

БРОЈ НА ВОЗ 641 643 645
СКОПЈЕ 06:57 14:30 20:05
ВЕЛЕС 07:52 15:26 21:01
БОГОМИЛА 08:48 16:22 21:57
ПРИЛЕП 09:36 17:10 22:45
БИТОЛА 10:20 17:54 23:29
БРОЈ НА ВОЗ 641 643 645
БИТОЛА 03:14 12:51 18:27
ПРИЛЕП 04:00 13:37 19:13
БОГОМИЛА 04:47 14:24 20:00
ВЕЛЕС 05:45 15:24 20:58
СКОПЈЕ 06:37 16:16 21:50

leave a comment