9th Outdoor Festival АЗОТ 2023 мтб предизвик

 

9th Outdoor Festival АЗОТ 2023 мтб предизвик својата прва промоција ја имаше во јуни 2015 година, каде група ентузијасти, членови на Велес Бајкинг решија да направат рекреативна велосипедска тура со цел да ги соберат сите љубители на планинскиот велосипедизам од цела Македонија и заеднички да го извозат еден од најубавите, најнеистражените и најмистичните предели на нашата држава. Ефектот беше многу позитивен, иако доста скромно, со многу непознати, го направивме настанот како препознатлив бренд на с.Богомила кој еве и по 7 години приказната трае, се изменува, се проширува и добива на квалитет.

Од самиот почеток, па еве до подготовката на 7-тиот по ред настан, можеме да заклучиме дека ова е еден од најдобрите настани на отворено кои воопшто се организираат кај нас. Во изминатите 8 години, па до сега настанот е посетен просечно по 300-350 учесници, а највеќе 2016-та година (450 вкупно).

Секоја година членовите на здружението Велес Бајкинг на самиот старт на тековната година предлага план и програма на работа на здружението, согласно со правилата и прпописите на работа на здруженијата ( Закон за здруженија и фондации). Секоја година настанот е дводневен со однапред предвиден агенда на настани.

За својот 9-ти настан предвидени се два дена активности. Почувајќи од првиот ден-сабота каде денот започнува со мала рекреативна велосипедска тура Црква „Рождество на Пресвета Богородица“над селото Согле, каде ќе го посетиме еден од најубвите манастири во овој регион и пошироко

За овој храм црковно-историските извори ништо не зборуваат. Се претпоставува дека тој потекнува од многу постаро време кога селото Согле не било исламизирано. Градбата на манастирот била изведена некаде во XIV или XV век кога уште немало доселено муслиманско население во Азот. Во периодот од 1850 до 1855 година биле поправени конаците и црквата

Центарот на актовностите е базниот камп на фестивалот – во дворот на основното училиште „Петар Поп Арсов“ во с.Богомила, каде има посебна локација за кампување на сите пристигнати учесници.

Секоја година се поставуваат 100-на кампови, односно кампуваа преку 200 учесници. Сите останати имат можност за сместување во планинарскиот дом во с.Богомила кој има капацитет од 40-на легла, а можност за сместување има и во неколку те домашни куќи кои специјално за овој настан се изнајмуваат (со што директно влијаеме на зголемување на туристичкиот импакт на населението во с.Богомила. Дополнително, дел од учесниците се сместуваат во туристичките понуди на рибник Нежилово (7км од Богомила) кој нуди одлични услови за преноќиште со појадок, и планинарскиот дом во Теово (7км од Богомила) кој е обновен и модернизиран од пред две години и е во сопственост на наш повратник од Канада.

Во однос на организацискиот акспект, првиот ден на фестивалот, покрај рекреативната тура до с.Бистрица нуди и многу други понуди за учесниците. Така, посетителите по своја волја може да ја посетат реката Бабуна која тече низ селото, да ја посетат спомен-куќата на Петар Поп Арсов, еден од основачите на Внатрешната Македонска Револуционерна Борба, можат да ги посетат двете цркви во селото (црквата св. Спас која е на 500м над училиштето и св. Недела која е на 1км од кампот), може да го го посетат и фотографираа Зиданиот мост кој е изграден во Римскиот период, инаку заштитен споменик на културата од 1953 година.

Организаторот на настанот имаат планирана мини едукација на возење на планински велосипед, обука за основите на менување на резервни делови на велосипедот, како и мини квиз проследен со забава и игра.

Самиот настан е посвеетен на рекреативците, на вистинските љубители на природата,на планинсктио велосипедизам, но и на планинарите, на сите категории на физичка спремност. Заначјно за нас е старосната граница – во 2020 година на иста патека велосипед возеа најмладиот и најстариот учесник-велосипедист. Првиот на само 8,5 години, а вториот вистински херој – на негови 72 години. И двајцата ја поминаа средната патека во должина од 33,7км со елевација од 1005м.

Настанот е се повеќе порепознатлив и по се поголемиот број на фамилии кои доаѓаат организирано и секој си ја бара својата авантура. Во последните неколку години акцијата за масовнот на најмладите доведува до голема заинтересираност на оваа фамилијарна посета.то