Планинарска патека АЗОТ Hiking 2023 – Изворите и водопадот на р.Бабуна

Оваа година Планинарската патека AZOT Hiking trail 2023 е изменета со цел на сите учесници да им понудиме нови истражувања, нови погледи кон овој регион.

Старт на планинарската патека е од рибник Нежилово, а до таму од кампот се оди со сопствени возила, или со возила обезбедени од организаторот.

Турата во првите 6км води по широк тампон пат се до кривината од каде се оди по тесна планинарска патека. Истата е добро обележана и на одредени сегменти потребно е голем концентрација и внимателност поради лизгање. На одредени делови има поставено и сајла за помош при движење.

Пред пристигнувањето на изворите на Бабуна  на растојание од 400-500м има тежок предел за пешачење и тука учесниците треба да внимаваат и да се придржуваат до насоките на водичите на групата.

Водопадот на изворите на Бабуна изобилуваат со оглема количина на вода, влажноста е голема и потребно е да си носите резервна облека, и облека која не пропушта вода

Вкупна должина на планинарската тура е 8,4км во еден правец или некаде околу 16,8 км во двата правци со вкупна елевација од околу 650м

Поглед кон целиот планински масив – Мокра планина со сите нејзини врвови, и секако убавицата Солунска Глава 2540мнв

 

Час по географија, поглед кон Мокра планина – со сите врвови

leave a comment