Ви го прикажуваме промотивното видео кое е собрано од изминатите години видео материјал.. Се надеваме дека ви го доловуваме она што ќе следи во последниот викенд од мај во Богомила, во кампот на настанот и низ патеките по регионот на АЗОТ… Уживајте
news & announcements
press releases

Како и секоја година, така и оваа, го објавуваме нашиот плакат кој предизвика големо внимание. Преубавиот дизајн е дело на нашиот пријател Михајло Мотевски

И тоа бидна………… АЗОТ мтб Предизвик ја заокружи својата 8-ма сезона, ја прикажавме нашата 8-ма серија. Нашето милениче 8th Outdoor Festival АЗОТ 2022 мтб предизвик ни заврши второ одделение. Дводневниот настан официјално или тродневниот за нас со повеке адреналин, и покрај сите најави за невреме, дожд, грмотевици, изгледаше како во најдобрите денови на АЗОТ мтб Предизвик, полн со позитивна енергија,…

Велосипедскиот настан „АЗОТ 2022 мтб предизвик“ за својот 8-ми по ред настап, веќе преименуван во ОУТДООР ФЕСТИВАЛ пред се поради големата популарност и пред се, перфектната организација и убавата природа. Во изминатите 7 години настанот го посетиле преку 2500 директни учесници кои ги возеле патеките на АЗОТ-от, а индиректно како посетители-туристи, семејни излети и останати туристи се претпостaвува…

Изминатиот викенд екипа од #ВелесБајкинг направи обиколка на дел од патеките кои се во план за овој 8-ми по ред велосипедски настан. Се извози комбинација од големата и средната патека. Првиот дел од турата води кон с.Црешнево, а потоа по „најтешкиот“ дел во должина од 1,7 км. По искачувањето на Црешневскиот преслап, за оваа година обезбедивме нова „single track“ патека…

Осмиот по ред голем фестивал на отворено кој се одржува секоја година во школскиот двор на ООУ „Петар Поп Арсов“ во село Богомила организаторот „ВЕЛЕС БАЈКИНГ“ од Велес го најаво за последниот викенд во месец мај 2022 година. На 28-29 мај Богомила ќе биде сентар на велосипедизмот во Македонија. Покрај велосипедизмот се најавуваат повеќе активности меќу кои планинарење, планинско трчање,…