АЗОТ 2023 мтб Предизвик – средна тура 34,4км +1010м

ЛИНК ДО АЗОТ 2023 мтб Предизвик – средна тура 34,4км +1010м ТУКА

АЗОТ 2023 мтб Предизвик

Средна патека – 34,4км +1010м

Средната патека е во должина  од 34.4 км. Старт и цел на патеката е с. Богомила (школскиот двор на училиштето Петар Поп Арсов) на надморска висина од 497 мнв. што воедно е и старт на патеката, а највисоката висинска точка на која поминуваат велосипедистите е 1435мнв. Планинарскиот дом Чеплес е на надморска височина од 1410мнв.

Стартот е во школскиот двор на училиштето Петар Поп Арсов од каде учесниците се упатуваат кон иконата на селото-Римскиот мост кој е надвиснат над двата брега на една од најубавите и најбистрите реки во Македонија, реката Бабуна. Од самиот старт патеката се дели на голема и мала. Прво населено место низ кој поминува патеката е село Нежилово на 8км од стартот и на висина од 700мнв, моментално во него живеат некаде 20-на постојани жители. Во текот на викендите селото се полни со иселеници кои претежно од Велес и од Скопје, но и од другите градови на Македонија. Нежилово некогаш беше надалеку познато со изработка на квалитетен варовник кој за негова припрема мештаните имаат посебна мајсторија и за која преставува селска традиција. Исто така селото е препознатливо по производство на квалитетен компир.

Во близина на селото се наоѓа и рибникот кој е посетен од голем број на туристи. На релација од с.Нежилово до пл.дом Чеплес на релација од 11км постојана угорнина патот е земјен (off road ). Во овој дел патеката е обвиткана од двете страни со прекрасна букова и дабова шума и ве остава без здив. Неколку делови на оваа патека се уникатни, една од нив е и онаа каде можете да одморите со восхитувачки поглед кон Солунска Глава, популарно наречен „поглед од милион долари“

Исто така, на половина пад до Чеплес, се  наоѓа тесна патека која води кон изворите на Бабуна. На 21-от км должински, се наоѓа пл. Дом Чеплес, главната контролна точка на патеката, место каде е најголемиот одмор на велосипедистите. Тука некаде е највисоката точка на патеката – 1432мнв, коа преставува првиот дел на патеката. И од тука се до целта во Богомила патеката е во континуирана удолнина и е голема доза на адреналин за оние љубители на спустот. Растојанието од домот до селото Папрадиште е 6 км, а должината на патеката до селото е  32,7 км.,

 

leave a comment