Кога поставувате сами на себе  прашања пред да се  решите да тргнете на туринг со велосипед,прво нешто што мора се  направи е пакувањето.Кои се  работите кои ќе  ви овозможат да уживате на  велосипедското уживање се  многуте прашања кои поголемиот  дел од авантуристите на две тркала си ги поставуваат.

Ние  ке  се  обидеме  да  ви помогнеме  со поголем број на предлози.

Секако, секој од вас ке си ги подвлече  своите , некои од вас ќе не  послуша во целост,а дел ќе смисли нов начин.

 

Но, да почнеме;

1.Велосипед; Без него , најверојатно нема ни да  почнете  со турингот.Секако има примери кои кажуваа  дека некој се качил на воз, оставајќи го велосипедот на  перонот со неговата комплетна опрема, и стасал на  некоја  си првобитна цел без неговото величество – точакот! Тој што ќе  го остави својот  најдобар  пријател, нема да се најде никаде.Затоа во прва прилика вратете се дома и далечинското со креветот нека биде при вас.

 

  1. Кацига; и повеќе од потребна. Освен за сигурностни услови, кацигата колку-толку ве штити од сонцето во пеколните температури. Нека не ве тангираат коментарите дека изгледате како атомската мравка.
  1. Велосипедски патики; Веднаш двојба, обични патики или за СПД педали? Изборот е поединечен. Секако дека предност имаат оние кои се во пакет со СПД педали, но обичните патики се меки и поудобни за носење,и се многу попрактични, посебно ако се  спремате за паѓање…

 

3.Опрема за кампирање; Веројатно доколку не сте од оние кои сакаат  да  спиајт на отворено ( а не сте сигурно) шатор,вреќица за спиење и сунѓер кој би заменил душек е минимум опрема која би ви била потребна за преноќување. Секако,тука има разно-разни дополнителни  делови и опрема која секој по сопствен избор ке си ја носи, но ако гледаме од практичен аспект, овие горе наведени работи се повеќе од доволно.

 

4.Дисаѓи;Повеќе од потребни, за оние кои патуваат повеќе денови,а сакат  промена и свежи и чисти делови од облека.Можете да  си монтирате назад,напред, било каде, само нека има доволен простор за ставање на потребните работи.Квалитето не етолку битен,најважно е да не  ви се  скинат на сред возење.

 

5.Светла;Предно и задно светло,секако.Различно според квалитетот,цената  и бројот на Лумените кои ги имаат.Во главно, ќе ви служат за ноќно возење , дококлу се решите да  го поминете дел од патешествието,а другата половина на денот да  го користите  за  уживање по некои од плажите или планинските врвови.

 

6.Флуоросцентен прслук;Во некои земји е  обавезен според  сообраќајнит епрописи,а некаде не е .во секој случај добро е да се  носи или да го имат е „при рака“.Една од работите кои ги имате, за да ги немате…

 

  1. Бидон;Еден дел од опремата без која не смеете да тргнете. Средство за складирање на драгоцената течност-водата , без која ретко,скоро ни еден велосипедист не тргнува на тура,кратка,долга, каква и д е .Препорачливо е бидонот да се менува почесто поради здравствени причини.

 

  1. Резервен алат; Во овој дел може да се класифицира алата за менување гума, резервана гума, пумпа, лепак за лепење на внатрешна гума и сите  останати салтанати кои одат  со него за успешно лепење на внатрешната гума,малку од уљето за подмачкување на ланецот,сува крпа за бришење на ланецот,средство за менување и стегање на ланецот и мнооогу други идеи кои произлегуваат од проблемите при несаканите  дејствија при патување,особено кога сте сам,а толку ви е потребна помош. Помеѓу сите останати, не ја заборавајте  изолир траката- не ст есвесни колку таа помага.

 

  1. Камера за снимање; ова спаќа во „мал луксуз“, кој можеби и не е толку потребна доколку сакате уживањето од турингот за си го зачувате само за себе Сепак, во ова модерно време на социјални мрежи и медииумска напаленост на дел од туринг-велосипедистите, камерите од типот GOPRO или други слични на него се неизбежни. Секако, за оние кои немаат , или не сакаат да одвојат 400-500 евра за овие камери, доволен е обичниот апарат, или пак мобилниот  телефон да направи квалитетен видео клип кој подоцна ке го споделувате  по социјалните мреж и ке  се борите  за„лајк“ повеќе.

10.GPS уреди; Нешто слично како и за камерите, со тоа што GPS уредите можеи добро да  ви користат, дококлу се режите  на мноогу подолг пат  од нормалните тури.Овие уреди ке ви бидат прв другар  ако случајно ви одлетаат мислите кон следната пауза,или следната селска чешма,а сте го заборавиле патот до следното село.

11.Мобилен телефон;Потребен?Во ова време невреме непотребно е да се лажеме дека без него можеме. Ни овозможува премногу работи кои и не можеме да  си ги замислиме. Една од нив е и јавувањето на блиските да им се пофалиме каде сме.

  1. Карта; Ова за Авантуристие кои одат далеку во јабана ,или за  турите во кои одиме прв пат  а се  на  … км од нас.

13.Тоалет харија и влажни марамчиња; и ова спаѓа во прекупотребната опрема.Ако хартијата можеби и не е толку потребна,влажните марамчиња  ив заменуваат  многу функции, меѓу кои и …. освежување во текот на жешките  возења под сонце.

14.Парче  топла облека, дебели спортски чарапи и долен веш;Има преданија кои кажуваат дека некои велосипедисти на некое место, на дневна температура од преку 40 степени стигнале на одредена дестинација и го поставиле кампингот за ноќевање.Во текот на ноќта температурата била толку ниска да морале да  прават склекови за да се стоплат, иако било средина на долго,топло, лето.Затоа имајте го на ум основното правило: Во лето секогаш со себе носете облека, во зима –јадење.

          Ова се  во главно неколку совети за припреми за добар  велосипедски туринг.И да, доколку се  решите  да  отседнете некаде во цврст објект,колку за да се истуширате како нормално човечко битие, направте го тоа во места каде има мнгоу камионџии. Не поради стравот од оние ефтини хорор филмови, туку тие едноставно знаат каде има добар  и квалитетен ноќен престој-за ефтини пари. Едноставно не може дапромаште каде има добра и вкусна храна.

  1. Кабаница; Или обичен шушкавец,кој би ја заменил кабаницата. Една од потребните работи. Едноставно, во лето може на сред пат да ви се затемни и да се истури дожд,како од „кофа“, па нема да знаете кој крај да го фатите. Во тие услови, кабаницата ем ќе ви помогне, ем ќе ве задржи присебен, да не ви иде помислата да се вратите дома.

Тоа е тоа, уште еднаш проверете ја листата која ја предложивме,додадете,одземете…и пат под велосипедот. Направете добра тура и раскажувајте ја долго. Повеќето од луѓето ќе мислат дека се фалите, а само оние кои вистински ја сакаат авантурата и посебно велосипедот ќе знаат дека раскажувате за да  ги натерате останатите да ги следат  ваште намери и пробаат малку од вистинскиот  живот.

 

.

leave a comment