Областа Азот е сместена во долината и по горното и средното течение на реката Бабуна. Оградена е на север и запад со масивот на Мокра Планина (ЈакупицаКараџицаДаутица со врвот Солунска Глава), а на југ и југоисток со северните падини на планината Бабуна. Областа се наоѓа југозападно од градот Велес и низ целата област протекува реката Бабуна и поминува пругата за Прилеп и Битола.

Потеклото на името на овој предел доаѓа од арапскиот збор Хас или Хасот донесен од Турците, со значење на тешкопристапен или одметнат предел. Оттаму потекнуваат и зборовите асии и азбии за луѓе кои се бунтовници или разбојници. Голем број на легенди, митови  и вистински приказни се врзани за овој регион

„Во културите и традициите на многу земји планинските врвови земаат значајно место, врвот Солунска Глава е еден од симболите на Македонија кој предизвикува восхит при самото спомнување“

Самиот регион АЗОТ од секогаш преставувал симбол на непокорот.

Секој кој барем еднаш кампувал на отворено, посетил некој од планинарските домови, бил на изворите на Бабуна, се искачил на Солунска глава 2540мнв, Даутица 2178мнв или било кој од препрасните врвови на Мокра Планина, ја посетил прекрасната врква Св.Петар и Павле во Папрадиште или Орешкиот манастир, се восхитувал на некој од 20-на водопади низ целиот регион, се бањал во водите на Бабуна и секако возел велосипед низ прекрасните планински предели од Бистрица преку Црешнево, Капиново се до планинарскиот дом Чеплес. Кој ги уживал барем дел од овие убавини знае за што станува збор, знае каква убавина се спојува со неговиот дух. Знае дека секое вдишување во неговото тело навлегуваат духовите од Богомилите, оние за кои уште од дамнина знаеле што е праведност, правичност и човечност, знаеле да го штитат своето население, својот род, своето потомство. Магијата на Богомилите уште од  Х век во која е верува дека „светот е борба на доброто и злото и дека на крајот ќе победи доброто“ сеуште тлее во сите нас.

leave a comment